I remember I had no idea what I was doing,
that what I tried to repair,
hadn’t broken as yet.
I thought it was about some kind of balance,
about dead children,
or something like that.
I thought it was perhaps about peace.
When I was a child
I spoke like a child,
I thought like a child,
and now, I am only afraid as a child.
And I don’t hope
and I don’t believe
and I exaggerate.
Once again.
I remember I had no idea what I was doing,
that what I tried to repair,
hadn’t broken as yet.
I thought it was perhaps about peace
or about hydrogen bombs
or something like that.
People went out
along the path of elimination
with bowed heads,
they were crazy and healthy
and drove cars
with dignified prayers
for the breaks to fail, at last.
Once again.
I remember I had no idea what I was doing,
that what I tried to repair,
hadn’t broken as yet.
I remember I had a happy childhood
in corridors and rooms
with neon lights.
I thought it was perhaps about peace
or about bright future
or something like that.
Neon future.
And all neon people
spoke like children
and thought like children
and smelled of burnt flesh.
Once again.
I remember I had no idea what I was doing,
that what I tried to repair,
hadn’t broken as yet,
and there was an artist
who plunged the brush into his eye,
for he had no canvas.
Everything has its price.
I thought I saw you yesterday,
but it wasn’t you
and it wasn’t me
who thought to have seen you,
but my TV tells me it’s all the same:
whether things happened or not.
I exaggerate things, I think,
so my belief in myself sinks.
Once again.
I remember I had no idea what I was doing
and I thought I saw you,
but it wasn’t you.
I thought it was perhaps about peace
or about the Corinthians
or something like that.
People are right to be afraid of me,
I lost control,
I could no longer sleep,
nor could remove my finger
from the trigger.
And as I stood on the stage
I understood it was a virus:
I didn’t hope,
they didn’t hope,
I didn’t believe,
they didn’t believe.
Exaggerate.
Once again.
I remember I had no idea what I was doing,
that what I tried to repair,
hadn’t broken as yet,
and when, at last, I dared touch it,
it broke into my hands.
And I was happy,
for, at last, I could repair it.
I thought it was wax
or your skin
or something that
burns slowly.
and guinea-pigs that I loved so much.
I laugh
and you laugh,
I bleed
and you bleed,
I am afraid
and you are afraid,
I don’t hope
and you don’t hope,
I don’t believe
and you don’t believe
I exaggerate
and you exaggerate
and break into half.
Once again.
Се сеќавам дека не знаев што правам,
дека она што се обидував да го поправам
сѐ уште не се скршило.
Мислев дека се работи за рамнотежа,
за мртви деца
или нешто слично.
Мислев дека можеби се работи за мир.
Кога бев дете
зборував како дете,
мислев како дете,
а сега, само се плашам како дете.
И не се надевам
и не верувам
и претерувам.
Уште еднаш.
Се сеќавам дека не знаев што правам,
дека она што се обидував да го поправам
сѐ уште не се скршило.
Мислев дека се работи за мир
или за хидрогенски бомби
или нешто слично.
Надвор луѓето одеа
по пат на елиминација
со наведнати глави,
беа налудничави и здрави
и возеа автомобили
со величествена молитва,
конечно, да откажат кочниците.
Неонска иднина.
И сите неонски луѓе
зборуваа како деца
и мислеа како деца,
и мирисаа на изгорено.
Уште еднаш.
Се сеќавам дека не знаев што правам,
дека она што се обидував да го поправам
сѐ уште не се скршило.
Се сеќавам дека детството го поминав среќно
во ходници и соби
и неонска светлина.
Мислев дека се работи за мир
или за светла иднина
или нешто слично.
Уште еднаш.
Се сеќавам дека не знаев што правам.
Се обидував нешто да поправам,
што сѐ уште не се скршило
и имаше уметник,
што си ја зари четката в око,
бидејќи немаше платно.
Ништо не е бесплатно.
Вчера мислев дека те видов,
но тоа не беше ти
и тоа не бев јас,
што мислеше дека те виде,
но мојот телевизор вели дека е сеедно
дали нештата се случиле или не.
Јас претерувам
и не можам да си верувам.
Уште еднаш.
Се сеќавам дека не знаев што правам
и мислев дека те видов,
но тоа не беше ти.
Мислев дека се работи за мир
или за Коринтјани
или нешто слично.
Луѓето со право се плашат од мене,
изгубив контрола,
веќе не спијам
и никогаш повеќе нема да го тргнам
прстот од чкрапалото.
И додека стоев на сцената
сфатив дека тоа е вирус:
јас не се надевав
и тие не се надеваа,
јас не верував
и тие не веруваа.
Претеруваат.
Уште еднаш.
Се сеќавам дека не знаев што правам,
дека она што се обидував да го поправам
сѐ уште не се скршило,
а кога, конечно, се осмелив да го допрам,
тоа се скрши во моите раце.
И бев среќна,
бидејќи сега, конечно, ќе можам да го поправам.
Мислев дека се работи за восок
или твојата кожа
или слични нешта
што горат бавно.
И чкорчиња,
и ги сакав моите лабораториски заморчиња.
Јас се смеам
и вие се смеете,
јас крвавам
и вие крвавите,
јас се плашам
и вие се плашите,
јас не се надевам
и вие не се надевате,
јас не верувам
и вие не верувате,
јас претерувам
и вие претерувате
и целосно се преполовувате.
Уште еднаш.