Blessed is that which we cannot touch

by Nikolina Andova


Blessed is that which we cannot touch

Blessed are the distances and the places to which we will never go

and the tight smooth nightgown drying on the balcony across from us

Blessed is death that remembers the addresses

of all our unsent letters

and the gods we try but cannot reach

like the cobwebs in the corner between the bed and the wall

Blessed is the Moon served on the sky

like a dish of someone who dines alone all the time

and the Sun reminding us

one can love from afar

Blessed is the freedom and our illusion that we have touched it

like we touch life through screens and  displays

Blessed is the past that sticks to us

like long-lasting lipstick on our mouths

and the future besmeared by red stains

resistant even to the most advertised of detergents

Blessed are the seas which we will never swim across

because of the water landmarks and the theories of safety

Blessed is the soft hair of a girl

that nearly, very nearly touched me

in a bus crowd

© Nikolina Andova

Благословено е она што не можеме да го допреме

Благословени се далечините и местата на кои никогаш нема да отидеме

и теснaта мазна ношница што се суши на балконот спроти нас

Благословена е смртта која ги памти адресите

на сите наши неиспратени писма

и боговите кои се напрегаме но не можеме да ги дофатиме

како пајажините во аголот меѓу креветот и ѕидот

Благословена е Месечината сервирана на небото

како чинија на некој кој постојано вечера сам

и Сонцето што нè потсетува дека

може да се љуби и од далеку

Благословена е слободата и нашата илузија дека сме ја допреле

како што го допираме животот преку екраните и мониторите

Благословено е минатото што ни се лепи

како долготраен кармин на устата

и иднината извалкана со црвени дамки

отпорни и на најрекламираните детергенти

Благословени се морињата што никогаш нема

да ги препливаме

заради граничниците за вода и теориите за безбедност

Благословена е меката коса на една девојка

што за малку, сосема за малку ќе ме допреше

во една автобуска гужва

© Nikolina Andova