Requiem

We place freshly picked flowers.

We pour the best spirits buried in the ground

We whisper, barely to be heard, all the things that

we couldn’t  dare tell them before out loud

 

Composers know well that they are the most loyal,

Numerous and attentive listeners

Only for them do they save the most poignant notes,

Intoxicating as the freshly picked flowers and

The best spirits buried in the ground.

© translated by Milan Damjanoski

РЕКВИЕМ

Им ставаме свежо набрано цвеќе

Им истураме од најдобрата закопана ракија

Им ги шепнуваме одвај чујно нештата што не сме

се осмелувале претходно да им ги кажеме гласно

 

Композиторите знаат дека тие се најверните,

најбројните и највнимателните слушатели

За нив ги чуваат најмоќните ноти, опојни

како свежо набрано цвеќе и како

најдобрата закопана ракија

© Vladimir Martinovski