Perfect hearing

by Vladimir Martinovski


Perfect hearing

I know that I can’t boast of perfect hearing,

That when I sing, it’s often out of tune

That when I play, I sometimes miss a beat

 

Yet, I also know, that when I hear Bach, the rhythm of

My heart falls into tune with my thoughts,

And the compositions inside continue

To be played with absolute precision

As though being timed by a deft

Conductor with perfect hearing

© translated by Milan Damjanoski

АПСОЛУТЕН СЛУХ

Знам дека немам апсолутен слух

дека кога потпевнувам често фалширам

дека кога свирам некогаш го промашувам ритамот

 

Но и знам дека, откога ќе го чујам Бах, ритамот на

срцето ми се наштимува со оној на мислите,

а композициите внатре продолжуваат

да свират со совршена прецизност,

небаре ги темперирал некој вешт

диригент со апсолутен слух

© Vladimir Martinovski