ENTROPY OF LOVE

by Marta Markoska


ENTROPY OF LOVE

I once made chaos in your system

not to prove to you the existence of entropy

generated whenever our two bodies

were in a ratio one to another

since I said nothing new...

Thermodynamics has been invented long ago

and it will remind us for a long time

of the energy lost through interaction…

 

I once created chaos in your perfect order
not for the purpose of violating your personal values

but to comfort you with the fact that such rules of the game
are followed in the cosmos, and we are like two black holes
fused together sucking energy from one another
harder than it was naturally built into the system
and now drained out, hoping to become stars again

 

I now assure you that two formations, two bodies, two souls

create much greater entropy than any individual body for itself!

ЕНТРОПИЈА НА ЉУБОВТА

Некогаш правев неред во твојот систем

не за ти го докажам постоењето на ентропијата

што се создаваше секогаш кога нашите две тела

беа во сооднос едно со друго

бидејќи ништо ново не кажав...

Термодинамиката одамна е измислена

и уште долго ќе нè потсетува
на трошењето енергија при заемодејство...

 

Некогаш создавав хаос во твојот совршен ред

не за да ти го нарушам системот на вредности

туку за да те утешам дека такви правила на игра

владеат и во космосот, а ние сме како две црни дупки

кои се споиле и ја исцицале една од друга сета енергија

повеќе одошто таа природно им била вградена во системот

и сега празни, се надеваат дека одново ќе станат ѕвезди

 

Сега те уверувам дека два состави, две тела, две души

создаваат далеку поголема ентропија одошто секое тело само за себе!